Ѓукиќ се изјасни за Црна Гора: Со Борозан и Анѓелиќ на двобојот со Чешка

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ ги соопшти имињата на ракометарите на коишто ќе смета за ЕХФ-неделата, а она што е интересно за Македонија е дека во тимот се двајца актуелни ракометари на Металург и Вардар, но и неколку поранешни членови на овие два клуба.

Од друга страна составот е интересен бидејќи Црна Гора е противник на Македонија во групната фаза од првиот круг на Европското првенство во Хрватска. Селекторот Ѓукиќ е исто така поранешен тренер на Вардар и селектор на Македонија. Вуко Борозан во моментов игра за Вардар и е еден од незаменливите во бековската линија. Божо Анѓелиќ сезонава го носи дресот на Металург и е прв избор за позицијата среден бек.

Поранешни членови на Вардар меѓу повиканите се Жарко Пејовиќ, Стеван Вујовиќ и Вук Лазовиќ. Дресот на Металург го носеа голманот Раде Мијатовиќ, како и Владан Липовина. Оттаму тука нема многу тајни, а Црногорците ќе одиграат контролни средби со селекцијата на Чешка.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ: Раде Мијатовиќ, Небојша Симиќ, Миле Мијушковиќ.

КРИЛА: Милош Вујовиќ, Игор Марковиќ, Марко Ласица, Мирко Радовиќ, Игор Радојевиќ.

ПИКЕРИ: Небојша Симовиќ, Вук Лазовиќ.

БЕКОВИ: Жарко Пејовиќ, Божо Анѓелиќ, Стеван Вујовиќ, Вуко Борозан, Васко Шеваљевиќ, Милош Божовиќ, Владан Липовина, Стефан Чавор, Иван Перишиќ.