Ѓукиќ не заборавил македонски: Ги знаеме слабостите на Вардар (ВИДЕО)

Тимот на Брест Мешков е елиминиран од Лигата на шампионите, па во СЕХА лигата гледа единствена шанса за титула оваа сезона.

Но белорускиот тим ќе има тешка задача во полуфиналето од завршниот турнир, бидејќи ќе се соочи со Вардар, кој два пати во низа е првак.

Десното крило Дарко Ѓукиќ, кој своевремено играше против Металург вели дека ги знаат слабостите на Вардар.

„Тие се фаворите, имаа еден ден повеќе за одмор од нас. Цела прва постава не играше против Загреб во реваншот, за разлика од нас. Секоја екипа има свои слабости, а ние знаеме кои ги има Вардар и ќе се обидеме да ги искористиме“, изјави Ѓукиќ за 24Ракомет ТВ на симпатичен македонски јазик.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…