Ѓукановиќ: Не можев да се вклопам со Станиќ!

Сагата започна во вечерените часови во понеделник, голманот кој присуствуваше на тренингот на српската репрезентација и беше видно расположен, не навести дека за неколку часа ќе ја разбранува ракометната јавност.

Во првата објава нна социјалната мрежа „фејсбук“ Ѓукановиќ  објасни дека го напушта тимот и се враќа во Србија заради лоша организација и неодговорно однесување на одредени луѓе, а веќе во следната објава тој истакна:

ЃУКАНОВИЌ:„Во врска со мојата одлука да го напуштам државниот тим, сакам да и се обратам на јавноста и да кажам дека мојата одлука ја донесов со мирна глава и долго размислување. Со момците од екипата имам сјаен однос и им посакувам полно среќа, во понатамошното натпреварување, са нив јадев, спиев, тренира, се дружев…  Само јас знам колку се жртвував за овој тим иако сега тоа ќе биде погрешно сфатено! Сметам дека спотист на високо ниво  треба да биде со тимот од самиот почеток, со своите соиграчи и другари! Ракометот е екипен спорт и нема поединци кои сами ќе одлучат кога колку и како ќе тренираат(играат). Ве молам да ме разберете и да мислите дека имам нешто против Раковетниот сојуз на Србија, селкторот или играчите… Единствено, со Станиќ не можев да се уклопам и сметам дека така е најдобро за  мојот тим и за Србија. Селкторот го одбра Маријанац да биде во тимот на натпреварот против Македонија. Ви ја поскаувам сета среаќа момци и нека победи најдобриот.“

Утрово стручниот штаб и репрезентатвиците на Србија го осудија чинот на голманот Славиша Ѓукановиќ кој вчера вечерта го напушти националниот тим.

„Славиша Ѓукановиќ повеќе не е дел до репрезентацијата на Србија. Откако ја примивме одлуката на нашиот селектор за наредниот натпревар во игра да го стави Драган Маријанац, што според правилата и прописите не значеше крај за учеството на Ѓукановиќ на ова Европско првенство, играчот не го соопшти незадволството на селекторот. Наместо тоа, незадоволството го изрази преку социјалните мрежи.“

-стои во соопштението на српската репрезентација.