Ѓорѓиевска ја напушти Баја Маре

Македонската репрезентативка, Елена Ѓорѓиевска, ја напушти романската екипа, Баја Маре, заради големата финансиска криза. Баја Маре веќе неколку месеци се соочува со голем број на проблеми, а освен женскиот клуб, во слична ситуација се наоѓа и машкиот клуб на Баја Маре, и двете екипи учествуваат во Лигата на шампионите.

Од Баја Маре замина и Лаура Олтеан која својата кариера ќе ја продолжи во клуб од втората романска лига.