Ѓорѓиевска го наполни голот на Будаорс

Капитенот на женската репрезентација Елена Ѓорѓиевска одигра одличен натпревар за нејзиниот тим Алба Фехервар во рамките на унгарскиот шампионат, но таа и нејзините колешки мораа да се задоволат само со бод од гостувањето кај Будаорс.

Натпреварот заврши 30:30, а и на полувреме беше израмнето, 16:16. Ѓорѓиевска беше прв стрелец и постигна 8 голови на овој натпревар. Алба Фехервар се наоѓа на 8 позиција на табелата, а следниот натпревар го игра дома против Бекешчаба.