Ѓорче славеше во Прилеп

Во рамките од 9тото коло во македонската супер лига екипата на ЖРК Ѓорче славеше против Жито Прилеп на гостински терен со 24:26 ( 12:9) во корист за избраничките на Владимир Радиќ. Одличната игра на домашните ракометарки и 20 одбрани на Стојанова не беа доволни за домашната екипа да ги освои бодовите па гостинките од Ѓорче на крајот заслужено славеа во Прилеп.

Најефикасна во победничкиот тим беше Моника Ристовска со седум погодоци додека во составот на Жито Прилеп се истакна Ангела Саздова со седум погодоци. Во следното коло Жито Прилеп гостува во “Автокоманда” против ЖРК Металург.