Ѓорчепетровци во еден здив до три бода

Средбата меѓу Македонија Ѓорче Петров и Куманово заврши со победа на домашниот состав, кој беше подобриот противник кој беше во предност од стартот на средбата.

Македонија Ѓорче Петров отвори со 3:0 и овие три гола дадоа дополнителене поттик, па постојано разликата изнесуваше повеќе од три гола што беше доволно на крајот од првото полувреме да се стигне до шест разлика. Кумановци имаа расположен само еден ракометар, а Миладиновски не можеше самиот да се спротистави.

После 14:8 на крајот од првиот дел во вториот дел немаше потреба многу да се форсира, па само се чуваше високата предност која до крајот на средбата стигна седум гола. Најголемата позитива беше 11 гола при 24:13, но после ова дојде до опуштање, па противникот успеа да намали, но не и да направи нешто повеќе.

Оттаму бодовите останаа кај Македонија ЃП тим кој игра добро сезонава и котира високо на табелата.

МАКЕДОНИЈА ЃП – МРК КУМАНОВО   27:20 (14:8)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Огњановски, Неделковски, Вељановски 1, Трпевски, Митовски, Ѓорѓиевски 1, Палковски 3, Апостоловски 5, Фицуровски, Велковски 5, Марковски, Ѓорѓевски 2, Дука 6, Тркалевски 3, Калков 1, Златановски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

МРК КУМАНОВО: Клековски 4, Димковски 3, Кузмановски 1, Мицевски 1, Дав. Цветковски, Дам. Цветковски, Стојковски, Ацевски, Михајловски, Стојмановски, Миладиновски 10, Даневски, Кузмановски, Спасиќ, Дишковски.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 10 мин.