Ѓер создава супер-тим: Амандин Лејно од следната сезона во Унгарија!

Репрезентативката на Франција и членка на македонскиот шампион Вардар, Амандин Лејно  од следната сезона ќе настапува во Ѓер. Пред еден месец, Вардар им соопшти на дел од ракометарките дека нема да сметаат на нивните услуги за следната сезона, а останатиот дел меѓу кои и најдобрите ракометарки не се согласија да го продолжат договорот со Вардар за наредната сезона. Тоа беше шанса за унгарскиот првак веднаш да влезе во преговори со една од најдобрите светски голманки Амандин Лејно.

За разлика од  македонскиот шампион, Ѓер го отвори трансфер пазарот бомбастично, со потписот на најдобриот десен бек на Европското првенство 2015, норвешката репрезентативка Нора Морк, а како што најавуваат од управата на клубот, тука не застануваат со засилувањата. Од наредниот септември во дресот на Ѓер веројатно ќе ја гледаме и Амандин Лејно.

Лејно во ЖРК Вардар пристигна во 2013-та година од романскиот тим, Олчим Валчеа. Со екипата на Вардар два пати го освои третото место во Лигата на шампионките.

Оваа сезона на голманската позиција Ѓер ги има Кари Гримзбо од Норвешка и домашната голманка, Орсолија Хер, која најверојатно наредната сезона ќе брани во друг унгарски суперлигаш.