Ѓер продолжува да реди порази

Актуелниот европски шампион, Ѓер продолжува со лошата игра на контролните натпревари за престојната сезона. По бледото издание на турнирот “PwC Handball Fiesta”, Ѓер беше поразен во Германија од бундеслигашот Лајпциг со 26:23 (13-12). Ракометарките на Лајпциг имаа целосна  контрола на натпреварот, а единствена закана за изненадување беше бразилката Едуарда Аморим која стрелаше осум пати во голот на Лајпциг но немаше поддршка од своите соиграчки. Во текот на првото полувреме Лајпциг одржуваше предност од еден до два голови, за во второто полувреме да го зголеми своето водство на три разлика за конечни 26:23 (13:12).

Најефикасна ракометарка во составот на домаќинот беше Висер со седум голови, Ланг додаде шест, кај Ѓер единствена светла точка беше Едуарда Аморим со осум голови.