Ѓер и ФТЦ ќе играат финале во Купот на Унгарија

Тимовите на Ѓер и ФТЦ од Будимпешта ќе играат финале во Купот на Унгарија во женска конкуренција. Во полуфиналните натпревари двете екипи поминаа без никакви проблеми. ФТЦ беше убедлив против МТК со 43:24 (24:11). Бидејќи натпреварот беше решен уште на самиот почеток, тренерот на ФТЦ Будимпешта шанса им даде на сите ракометарки. Незапирлива на теренот беше Хафра Ноеми која постигна девет погодоци. Во составот на МТК солидна партија одигра Шадвари Кристина која постигна пет погодоци но нејзините соиграчки одиграа лош натпревар.

Екипата на Ѓер пак  рутински го победи ЕРД и се пласираше во финалето. Избраничките на Амброс Мартин триумфираа со 29:18 (16:10). Најефикасна во составот на Ѓер беше Хајди Локе со шест погодоци. Во поразениот табор репрезентативката на Србија и екс -ракометарка на ЖРК Металург, Катарина Крпеж беше најефикасна во својот тим со шест погодоци.

Утре на програмата се натпреварите за прво и трето место.

Натпревар за трето место

МТК – ЕРД ( 13:45)

Натпревар за прво место

Ѓер -ФТЦ ( 15:45)

Фото: www.gyorietokc.hu