Ѓер и Баја Маре го заверија билетот во групната фаза на Лигата на Шампионите

Викендов се одиграа двата квалификациски турнири кои го одредија последните патници во групната фаза на Лигата на Шампионите. Баја Маре и Ѓер ги оправдаа фаворитските улоги и заслужено го добија своето место меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

Во финалето кое се одигра во Баја Маре, данската екипа Есбјерг немаше доволно сили да се спротистави на романскиот состав. По 8 минути игра Есбјерг стига до првиот погодок што резултираше со висока предност на полувреме 15-9, која данците не можеа да ја анулираат по што заслужено беа високо поразени 32-21 и го препуштија местото во групната фаза на Баја Маре. Со двете победи во квалификацискиот турнир, Баја Маре се најде во групата А каде што ќе се сретне со екипите на Ларвик, Ростов и Крим Меркатор.

baia mare- handball

Во другата квалификациска група, унгарски Ѓер успеа негативата од два погодоци 15-13 на полувреме, да ја претвори во висока победа од 9 погодоци – 30-21 и да се најде во групата Ц каде што настапува и нашиот преставник во Лигата на Шампионите – Вардар. Групата ја надополнуваат Хипо и Митјиланд.