Ѓер испушти осум голови предност, ќе мора во реваншот да го потврди Ф4

На првиот четвртфинален дуел помеѓу Одензе и Ѓер во интересен и невообичаен натпревар унгарскиот претставник успеа да триумфира минимални 29:28. Ѓер беше апсолутен фаворит во двобојот со екипата од Данска и натпреварот го започна во тој стил. Уште од почетокот го презема водството, веќе во 15 минута имаше 8:3.  Во почетната фаза на мечот најавија дека пласманот на Ф4 сакаат да го обезбедат на првиот натпревар. До крајот на првиот дел водени од Грот и Офтедал успешно ја сочуваа предноста од пет гола. По првите 30 минути беше 13:18.

Ѓер продолжи во ист ритам, во 39 минута ја имаа највисоката предност од +8, што беше аларм за тренерот на Одензе да повика тајм-аут. По минутата одмор на теренот како да се појавија две нови екипи. Ѓер беше непрепознатлив, а ракометарките на Одензе се разиграа. Бакеруд беше незапирлива и на голот се разбрани Рајнхард. Кризниот период на Ѓер траеше 11 минути без постигнат гол во кои Одензе направи серија 8:0 за израмнување 25:25. Домаќинките успеаја да поведат, но Ѓер веднаш го врати водството со помош на Лејно на голот која имаше неколу добри интервенции во финишот.

Најзаслужната ракометарка што Одензе не е елиминиран по првиот дуел од двомечот е Ингвилд Бакеруд која беше најрасположена за игра и постигна 11 погодоци. Во екипата на Ѓер, Офтедал беше осум пати прецизна, а Нике Грот седум пати се запиша во листата на стрелците. Иако испуштија огромна предност ракометарките на Ѓер се огрмони фаворити за пласман на Ф4 на реванш натпреварот пред своите гледачи.