ШТО ВЕЛАТ ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ: Вардар има најмалку шанси да ја освои титулата

Ракометарите на Вардар денеска го започнуваат третиот настап на завршните турнири во Лигата а шампионите.

Македонскиот шампион во полуфиналниот двобој ќе се соочи со најголемиот фаворит, и според ракометните познавачи и според обложувалниците – Барселона.

Најмал коефициент за да ја освои титулата, а со тоа и најголеми шанси има Барса – 1.50, па доколу вложите 1 евро ќе добиете 1,5 евра.

Вардар е последен, со коефициент 14.00, па доколку вложите 1 евро на „црвено-црниот“ тим ќе добиете 14 евра.

Пресметката меѓу Келце и Веспрем стартува од 15:15 часот, додека за нас најважниот натпревар започнува од 18:00 часот.