Штип подобар од Пробиштип: Текстилец го доби соседскиот двобој со Рудар

Ракометарите на Текстилец го добија соседскиот двобој со Рудар со убедливи 24:35. Гостите од Штип во текот на целиот натпревар покажаа дека се поквалитетен тим и беа решени да си заминат со бодовите од Пробиштип. Денис Ампов му донесе предност на Рудар со 1:0 и тоа беше единственото водство на домашните, бидејќи потоа се беше во знакот на гостите. По 3:3, Текстилец направи серија за 3:8 и во текот на првиот дел обезбеди залиха од 6 голови, 12:18.

Во вториот дел немаше премногу возбудувања на теренот, а гостите иако релативно млади, многу искусно ја сочуваа предноста, па дури и ја зголемија за конечни плус 11, 24:35. Во победничкиот тим се истакнаа Жарко Мирчевски со 10 голови, а Васе Петров даде 8, додека кај домашниот тим стандардно отскокнуваа Денис Ампов со 8 и Павел Стојанов со 7 погодоци.