Штериова со шест гола, Браила со нова победа

Марија Штериова имаше уште една забележителна партија во дресот на Дунареа Браила. Таа одигра одличен натпревар и со шест гола беше втор стрелец во својот тим.

Дунареа Браила беше домаќин на мечот против Клуж, а успеа да победи со 26:22 со што стигна до третата победа сезонава во првенството на Романија. Оваа победа воедно донесе три бода, па сега има вкупно десет и со нив се наоѓа на 9. позиција на табелата.