Штербик ја запре контрата на Борозан и си обезбеди топ 5 (ВИДЕО)

Покрај изборот за најдобри голови од 3. коло веќе е познат и списокот на голмани кои со своите интервенции ги одбележаа средбите од оваа рунда во Лигата на шампионите.

Дејан Милосављев имаше одлична партија и на гостувањето во Унгарија, но неговите одбрани не добија место во топ 5 каде што се најдоа голманите: Владимир Цупара (Келце), Клемен Ферлин (Целје), Марин Шего (Пик Сегед), Арпад Штербик (Веспрем) и Андреас Паличка (Рајн Некар).

Арпад Штербик имаше просечно издание во дресот на Веспрем и не успеа да ја покаже формата во која играше во Вардар во минатите неколку сезони, па недостигаа неговите одбрани за Веспрем да може да дојде до подобар резултат.

Сепак, тој имаше една интервенција кога ја запре контраната на Борозан, а на кое место се најде со неа можете да видите во видеото во следниот ЛИНК.