Штербик сo критики: Незадоволен од играта во Унгарија, но задоволен од епилогот

Голманот на Вардар, Арпад Штербик уште еднаш имаше одлична партија. Запре многу тешки удари и добар дел од средбата самиот го држеше Вардар во игра за бодови. Тој и самиот добро знае како е да се игра против тимовите од Унгарија бидејќи еден дел од кариерата мина во Веспрем.

После вчерашното реми против ПИК Сегед тој имаше свој коментар за настаните.

„Ова беше тешка средба. Со години се случувало вакво сценарио против Сегед. Не сум задоволен од нашата игра. Нашиот противник одигра подобро и не можам да сфатам како стигнавме до реми кога ќе ја погледнам статистиката. Можеме да бидеме задоволни од конечниот епилог. Многу ми е драго што Сегед е секогаш со нас во во група, а ние максимално се подготвуваме за тие дуели. Во Европа нема многу вакви сали како во Сегед “, коментираше Штербик.