Штербик го запре Лазаров за петтата, Ландин ја има најдобрата одбрана на колото (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар одиграа машки натпревар каде беа на чекор да му откинат бод на европскиот шампион Барселона на негов терен. Арпад Штербик беше стандардно добар на црвено-црниот гол, а посебно расположен беше во дуелите со нашиот Лазаров. Токму при една контра, Штербик му одбрани зицер на Лазаров, момент кој се најде на петтото место на најдобри одбрани на седмото коло на ЕХФ Велуск Лигата на шампионите во машка конкуренција. Во друштво на Штербик се најдоа и Гонзало Перез Де Варгас (Барселона), Никола Портнер (Кадетен Шафхаузен), Небојша Симиќ (Кристијанштад), а најдобрата одбрана на седмото коло оди зад името на голманот на Кил, Никлас Ландин.
Најдобрите пет одбрани на колото погледнете ги на видеото подоле.

Top 5 Saves – VELUX EHF Champions League Round 7

Niklas Landin is becoming a regular feature in the Top 5 Saves this season and it's no surprise with crazy stops like this!Was the THW Kiel goalkeeper your no.1?

Публикувахте от EHF Champions League в Понеделник, 16 ноември 2015 г.