Штербик во ТОП 5 најдобри одбрани на четвртфиналето (ВИДЕО)

Една од брилијантните одбрани на Арпад Штербик на дуелот против Киелце се најде на четвртото место во изборот на ТОП 5 одбрани по првите четвртфинални дуели. Агинагалде се најде сам пред вардаровиот голман но Штербик уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите голмани на денешницата. Покрај Штербик, во овој избор влегоа и Стаинар Еге (Кил), Хозе Мануел Сиера (Пик Сегед), Роланд Миклер (Веспрем) а честа да ја има најдобрата одбрана по првите четвртфинални дуели му припадна на голманот на Кил, Ким Соне Хансен кој на перфектен начин го запре ударот на Јонас Калман.