Штербик брани, Вардар победува, ЕХФ „наградува“ (ВИДЕО)

Веќе не е новост во секое коло од ЛШ да има некој вардаров ракометар во еден од изборите, а тоа продолжува и сега по 7 коло во кое европскиот шампион како гостин го победи Загреб со 29:23. Хрватскиот првак немаше никакви шанси против одбраната на „црвено-црните” и уште помалку против Штербик.

Тој го заврши мечот со 17 одбрани, од што дури 13 имаше во првото полувреме. Вардар останува лидер во А групата од Лигата на шампионите со 13 бода од седум натпревари. „Црвеноцрниот“ тим и натаму ја има најдобрата одбрана во ЛШ, со само 162 примени гола, и најдобра гол разлика (+ 27). Кои се петте најдобри одбрани на колото, и која одбрана на Штербик влезе во изборот на ЕХФ можете да погледнете ТУКА.