Шпилер од утре во Металург!

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Металург од среда ќе биде побогат за уште еден квалитетен и искусен ракометар. Деталите биле договорени вчера, а Давид Шпилер утре пристигнува во Скопје кога и официјално ќе биде потпишан договорот со тимот од Автокоманда.
Веста за договорот меѓу централниот бек и Металург денес ја обелодени угледниот словенечки медиум „Дело“, а во изјава за словенечкиот печат Шпилер изјави:
„Конечно се враќам на терените и со нетрпение чекам да го започнам вториот дел од мојата кариера.“
Како што информира „Дело“, Шпилер постигнал договор со македонскиот клуб до крајот на сезоната, со можност за дополнително продолжување.
Од таборот на сините се уште не ги соопштуваат деталите, но се очекува веќе утре ракометарот официјално да биде претставен со дресот на Металург.