Шпанија ќе го сонува Рио, Шведска и Словенија на Олимписките Игри!

Репрезентацијата на Словенија е сензационален учесник на олимискиот ракометен турнир. По стартната победа над финалистот од Европското првенство 2016, Словенија загуби од Шведска, но со помала разлика која беше во полза на избраниците на Веселин Вујовиќ. Денешната победа над Иран од 33-17 стави печат на бразилската виза за Словенците.

Во вториот натпревар на програмата во Малме, дуелот меѓу Шпанија и Шведска директно одлучуваше за вториот патник на Олимписките игри. На сребрената Шпанија и беше потребна победа од три погодоци, но во драматичен финиш Шведска успеа да се извлече и со пораз од 23-25 да го обезбеди последното место за Рио.

Ова ќе биде прв пат по 1976 година, Шпанија да не учествува на ракометниот олимписки турнир.