Шпанија ја најави кандидатурата за олимписко злато

Во вториот натпревар од групата А, репрезентацијата на Шпанија по солидната предност од четири погодоци во првиот дел, успеа да доминира во вториот дел и да дојде до висока победа од 25-19 над Црна Гора.

На овој натпревар Бојана Поповиќ повторно се врати на терените после Олимписките Игри во Лондон но нејзиното деби во РИО беше неуспешно иако ракометарката доби солидна минутажа во арената на иднината.

Шпанија поведе со 2-0 благодарение на погодоците на Кармен Мартин и Кабрал Барбоса, а Црна Гора преку Петровиќ дојде до првите три погодока на овој натпревар кои беа доволни само за намалување на предноста на Шпанија која во десетата минута изнесуваше 6-3. Проектилот на Булатовиќ ја намали разликата на само два погодока 6-4, а паузата од неколку минути без погодок за репрезентацијата на Шпанија беше прекината од Нереа Пена која два пати успешно го пронајде патот до мрежата на Соња Барјктаровиќ 8-4. Шпанија ја искористи конфузијата во црногорскиот напад и зголеми на високи 10-4, за конечно Булатовиќ на стартот на дваесетата минута да погоди во противничката мрежа 10-5. На пет минути пред крајот на првиот дел Радичевиќ го постигна првиот погодок и намали на 11-7. Повторно Радичевиќ беше успешна во дуелот со Наваро и ја намали разликата на три погодока 13-10, а Наваро го одбрани ударот на Булатовиќ од линијата од 7 метри за конечни 14-10.

Bulatovic

Кабрал и Манге ја зголемија предноста на 16-10 на стартот на вториот дел, а Мехмедовиќ преку два погодоци минимално намали на 17-12. Алберто беше успешна на двапати од линијата од седум метри за највисоки седум погодоци разлика 19-12. Во средината на вториот дел Радичевиќ беше единствената светла точка во репрезентацијата на Црна Гора и придонесе за намалување на разликата на 20-15. Но двата погодока на Пинедо ја вратија сигурната разлика на страната на Шпанија 22-15. Високи осум погодоци беше разликата на четири минути пред крајот на натпреварот за конечни 25-19 во полза на репрезентацијата на Шпанија.