Шпанија фуриозна на отворањето на Европското првенство 2014

На првиот натпревар од Европското првенство кое се одржува во Хрватска и Унгарија, Шпанија беше поуспешна од репрезентацијата на Полска. По првите 60 минути резлутатот на семафорот e 29-22.
Барбоса го постигна првиот гол на ЕП за почетно водствo, кое после прецизниот удар од 7-метри на Мартин изнесуваше 2-0. Грешките во нападот на шпанските ракометарки ги искористија високите полски бекови за да го израмнат резлутатот на 3-3 по 8 минути игра. Периодот во кој се играше гол за гол подобро го искористија ракометарките на Полска за првото и единствено водство на натпреварот, 5-6 со голот на Стаховска во 10-та минута. Кога полските навивачи очекуваа серијата да продолжи, во 15-та минута Шпанија конечно се разбуди. Серијата од 3-0, Пена ја заврши со својот прв гол во 19 минута за 10-7. Се обидуваа полските ракометарки да го намалат водството на Шпанија, а најблиску беа во 25-та минута кога намалија на 12-11, но повторно следеше 3-0 серија на шпанките за комфорно водство. По 30 минути игра Полска заостануваше три голови разлика 16-13.
Второто полувреме се одвиваше идентично како и првото. Шпанија направи 3-0 серија за највисоките шест голови предност во 38-та минута, 21-15. Полска се обиде да возврати, но ниту случајниот гол на Кудлач кој всушност беше обид да се додаде на пикер, не ги мотивираше полските ракометарки. Во 47-та минута Војтас ги доближи полските ракометарки на четири голови разлика, 23-19. Последните 10 минути повторно им припаднаа на шпанските ракометарки, Елоиза во 54-та минута ги постави највисоките 7 голови предност,27-20, разлика која Шпанија ја одржа до крајот на натпреварот за конечни 29-22.
Кармен Мартин со 9 голови беше најпрецизна ракометарка на теренот, додека за Полска, Кудлач постигна 7 голови.