Шпанија пресилна за нашите јуниори

Нашата машка јуниорска репрезентација доживеа висок пораз од репрезентацијата на Шпанија со 33-22( 20-7). Катастрофалното прво полувреме, големиот број на технички грешки во нападот, беа само дел од причините за ваквиот висок пораз.

Првото полувреме го започнавме со водство преку Филип Талески и тоа беше прво и единствено водство за нашата репрезентација на овој натпревар. Од тогаш нашите јуниори немаа никаква идеја како да ја пробијат сигурната одбрана на шпанската репрезентација, направија премногу технички грешки во нападот, па била на спротивната страна и една репрезентација од калибарот на Шпанија. Во лошата партија на нашите ракометари се придодаде и голманскиот двоец кој на полувреме имаше само две успешни интервенции.По почетното водство од 1-0, Шпанија комплетно ја превзема иницијативата и поведе со 4-1. Нашите јуниори успеаа да намалат на 4-3 и 6-4 и до тука беше неизвесноста на овој натпревар. Од тогаш на паркетот постоеше само шпанската репрезентација која во 15 минута поведе со 10-4 што беше аларм за Зоран Петковски да повика тајм-аут. Но и во понатамошниот тек на натпреварот нашите ракометари продолжија да играат конфузно во нападот со многу технички грешки што Шпанија знаеше како да ги искористи, за на полувреме да отиде со убедливи 13 голови разлика 20-7.

Шпанската репрезентација фириозно го започна и вториот дел правејки серија од 4-0 ( 24-7) која успеа да ја прекине Филип Талески со голот во 35 минута.Шпанците веќе го имаа добиено овој натпревар што влијаеше на тоа да го намалат своето темпо на игра, па до крајот се играше изедначен меч за конечни 33-22.

Шансата за прва победа на Европското првенство нашата репрезентација ќе ја бара во дуелот против Франција кој на програмата е утре од 14:00 часот.