Шпанија е првиот финалист на ЕП: Фантастичната Наваро го прекина црногорскиот сон за ново финале

Во првиот полуфинален натпревар на ЕП во Унгарија и Хрватска, Шпанија по извонредното прво полувреме успеа да ја совлада Црна Гора со 18-19 и да се пласира во финалето на ЕП во Унгарија и Хрватска. Фантастичната Силвија Наваро со 18 интервенции беше главната причина и непремотлива пречка за Црногорскиот напад за пласманот на црвената фурија во големото финале. Црногорките дадоа се од себе исто како и на претходниот натпревар да се вратат во игра и за малку не успеаа да го повторат подвигот како и на претходниот натпревар.

ПОЛУФИНАЛЕ (Унгарија, Будимпешта)

Црна Гора- Шпанија 18-19 (8-13)

Исто како и на претходниот натпревар против Шведска, црногорските ракометарки имаа катастрофално отворање на натпреварот кога во почетните девет минути не можеа да го видат шпанскиот гол. Извонредната Наваро на голот на Шпанија со 11 интервенции буквално го откажа црногорскиот напад во првиот дел, а во офанзивата Шпанките лесно ја пробиваа добро познатата агресивна одбрана на Црна Гора. Веќе по првите 7 минути со головите на Манге, Пења и Кабрал “Црвената фурија” имаше водство од 0-3. Радичевиќ со погодок од деснокрилната позиција го постигна првиот гол за Црна Гора по цели 9 минути. Ја следеше и Павичевиќ која успеа да намали на 2-3 и да ја врати Црна Гора во игра по почетниот шок. Меѓутоа шпанките беа добро подготвени за играта на Црна Гора, добро знаеја како да напаѓаат во офанзива и да бранат во дефанзивата. Како резултат на тоа следуваше серија од 5-0 на Шпанија која ја започна Кабрал а ја заврши Чавез за високи +5, 2-7, по 16 минути игра во првиот дел. Црногорките преку Булатовиќ се обидуваа да се вратат во игра меѓутоа фантастичната Наваро не дозволуваше овој натпревар да добие поинаков тек. Шпанската агресивна подизлезена одбрана на црногорското бековско трио иницираше голем број на технички грешки во нападот на противникот, а на спротивната страна Шпанија од секоја позиција го полнеше голот на Црна Гора. Добрата игра на Шпанките резултираше со нивното највисоко водство 4-11 кое го донесе Фернандез во 23 минута. До крајот на првото полувреме Црна Гора успеа да намали два погодока од најголемата негатива, а Булатовиќ со својот трет гол на натпреварот ги постави конечните 8-13 за Шпанија по првиот дел.

spa 1

Шпанија во првите 10 минути од второто полувреме успеа да ја одржува позитивата помеѓу 4 и 5 голови разлика. Црна Гора се обидуваше да се врати во игра но притисокот кој го носеше пласманот во финале влијаеше на тоа Црногорките да имаат голем број технички грешки во нападот. И покрај тоа на крилјата на извонредната Рајчиќ на голот, која влезе во игра во второто полувреме и забележа 5 одбрани за краток период, Црна Гора успеа да намали на 13-16 во 45 минута. Следуваше период од 6 минути во кој и двете репрезентации не успеаа да постигнат погодок, за Пења со својот 3 гол да го прекине тој пост и да ја донесе Шпанија на 13-17 во 52 минута. Јованка Радичевиќ со два гола по ред ја одржуваше Црна Гора во игра, а Мехмедовиќ на 4 минути до крајот успеа да намали на само два гола 16-18. Црна Гора имаше шанса преку Анѓела Булатовиќ да дојде на само еден гол негатива но повторно фанстастичната Наваро со својата 18 интервенција не дозволи радост на Црна Гора. Тоа што не и успеа на Булатовиќ и успеа на Јованка Радичевиќ која со својот петти гол ја успеа да намали на -1, 17-18, во 58 минута. Пинедо врати на спротивната страна за 17-19, а Наваро во стил со нова прекрасна интервенција ги сруши сите надежи на Црна Гора за одбрана на титулата. Радучевиќ со својот 6 гол намали на 18-19 но недоволно за уште еден епски пресврт на Црна Гора. На крајот конечни 18-19 за Шпанија и пласман на црвената фурија во финалето.

Ели Пинедо со 5 и Марта Манге со 4 гола беа најпрецизни во Шпанската репрезентација, а Јованка Радичевиќ со 6 гола го предводеше нападот на Црна Гора.