Шоштариќ: Сон на сите ракометари на ПИК Сегед е да играат на Ф4!

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против унгарскиот првак ПИК Сегед. Еден од најдобрите стрелци во ПИК Сегед е словенечкото десно крило Марио Шоштариќ. Tој очекува

„Долго време се подготвувавме за овие два меча со Вардар. Ова се нашите најважни натпревари во сезоната и затоа не сакаме да оставиме ништо на случајност. Знаеме што нè чека во Скопје, и затоа мораме да дадеме 150% од нашите можности. Сакаме да играме на Ф4 во Келн, што е сон за секој ракометар на Сегед“, изјави Шоштариќ.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.