Шоуто на Вардар продолжи и на аеродромот, сите сакаат фотографија со шампионите (ФОТО)

Ракометарите на Вардар чекаат на Аеродромот во Келн за да полетаат за Скопје, а шампионите на Европа се во центарот на вниманието. Сите други патници од Келн кон другите дестинации сакаат да направат фотографии за да го овековечат моментот.

Титулата секогаш носи поголема слава и дава моќ пред навивачите, но и сите други, а оваа генерација на Вардар само уште повеќе се смести во историјата. Сите играчи покажаа дека го заслужуваат местото.

Сепак, после освоената титула на никого не му е тешко да позира и да направи фотографии со фановите. Сите се подготвени за она што претстои така што е јасно дека ова е денот на ракометарите и ден за уживање со фановите.