Шок терапија за „зебрите“: Целје го нокаутираше некогаш неприкосновениот Кил

Ракометарите на Целје имаа неверојатно второ полувреме на дуелот против Кил и како гости се изборија за победа од 29:26. Словенците се надминаа во вторите 30 минти и беа едноставно одлични и знаеја што сакаат до крајот на средбата и успеаја да стигнат до голема победа.

Кил успеа да го добие првото полувреме и да дојде до предност од 15:14 пред одморот. Сепак, после паузата работите тргнаа далеку подобро за гостите коишто покажаа дека знаат да одиграат против секого и само ја продлабочија кризата во играта на некогаш недопирливиот тим од Германија.

Прв стрелец во победничкиот состав беше Јака Малус со осум гола, додека пет постигна Бранко Вујовиќ. Кај Кил, Никлас Екберг со шест и Кристијан Цајц со пет беа најпрецизни.

После овој меч дојде до поместување на табелата, па Целје го исфрли Кил од првите шест така што „зебрите“ се во неизвесност околу пласманот понатаму и ќе мора многу да надоместуваат.

Фото: siol.net