Шок-терапијата успешна: Загреб го изненади Брест Мешков во СЕХА

На денешното гостување во Белорусија, екипата на Загреб го совлада Мешков Брест со 28-29 и го направи најголемото изненадување од досега одиграните натпревари во третото коло од СЕХА лигата.
По смената на кормилото на хрватскиот шампион, малкумина очекуваа добри резултати во периодот на транзиција. Меѓутоа Загреб докажа дека има квалитет и има што да покаже во Лигата на шампиони каде ќе игра токму против СЕХА ривалите Мешков и Металург.
Првото полувреме им припадна на домаќините кои имаа минимално водство во сите 30 минути од првиот дел, а на пауза заминаа со 14-13.
Пресвртот го најави Јосип Валчиќ кој во 37 минута беше прецизен од контра-напад за првото изедначување во вториот дел, 17-17. Меѓутоа Мешков повторно ја превзема контролата врз играта и поведе со два гола разлика, 20-18. Загреб чекаше до 46 минута за првото водство на натпреварот, кое го реализираше Јосип Валчиќ за 21-22. Во возбудливите последни десет минути, по резултатската нишалка во која Мешков имаше и два гола предност (25-23) на крајот гостите беа присебни и поконцентрирани. Во последната минута при резутат 28-28 во последните секунди на натпреварот Павловиќ го постигна својот втор гол за победа на Загреб со конечен резултат 28-29.
Шилович, Божовиќ и Рутенка постигнаа по 4 погодоци кај домаќините, додека Хорват, стандардно беше најпрецизен во редовите на ППД Загреб со осум постигнати голови.