Шок за ракометарите на Загреб: Јосип Валчиќ итно пренесен во болница!

Наивна повреда можела да има трагичен крај за централниот бек на ППД Загреб, Јосип Валчиќ. На финалниот натпревар од Купот на Хрватска, по еден дуел со противнички ракометар, Валчиќ заработи повреда на бутниот мускул. Покрај болките, по неколку минути тој се обиде да се врати на терен и да го доигра натпреварот, но повредата не била наивна, а внатрешно крварење било причина да се создаде голем хематом, затоа Валчиќ го проследи остатокот од натпреварот на клупата на Загреб.
Хрватскиот шампион го одбрани трофејот во Купот на Хрватска, а по натпреварот кој се одигра во Умаг на пат кон Загреб, здравствената состојба на 31-годишниот бек значително се влошила по што со возило на брзата помош бил префрлен во клиниката за трауматологија каде е извршен оперативен зафат. Од клубот денес со соопштение потврдија дека состојбата на Валчиќ е подобра и се очекува негова комплетна рехабилитација.

„Здравствената состојба на Јосип Валчиќ е подобрена. По повредата која ја заработи во финалето на Купот против Нексе од Нашице, состојбата на Јосип нагло се влоши и по враќањето во Загреб е примен на болничко лекување. Бидејќи во текот на ноќта и утрото неговата здравствена состојба беше многу сериозна, можеме да Ве информираме дека ситуацијата со здравјето на Валчиќ е многу поволна и неговата моментална состојба е значително подобрена. Лекарите се оптимистични во однос на заздравувањето на Јосип Валчиќ и наскоро се очекува да биде преместен од оделението за интезивна нега.“

вели дел од соопштението на клубот.