Шок за Норвешка: Голманката Гримсбо го повреди коленото

Шок за репрезентацијата на стартот на ЕП. Норвежанките резултатски ја декласираа Романија но останаа без услугите на првиот голман Кари Гримсбо. По завршувањето на натпреварот со Романија, по извршување на медицинските прегледи и била констатирана повреда на менискусот на десното колено, по што мора да мирува до крајот на оваа недела. Нејзина замена на голот на Норвешка ќе биде Емили Станг Сандо која е соиграч на Гримсбо во дресот на дански Есбјерг.