ШОК за Келце: Нова повреда на Циндриќ, му се заканува предвремен крај на сезоната!

Поранешниот член на Вардар, Лука Циндриќ, веројатно предвреме ќе ја заврши сезоната, откако посериозно се повредил на последниот натпревар со Мотор од ЛШ. Тој паузираше неколку пати оваа година и навистина нема среќа со повредите.

„За жал лоши вести ни доаѓаат од Полска. Лука повторно се повреди и според информациите кои ги имаме, повторно го чека долга пауза. Јас посакувам брзо да закрепне“, изјави Игор Вори спортскиот директор на хрватската репрезентација за тамошните медиуми.

Циндриќ нема да му биде на располагање на Лино Червар за двете пресметки против Србија од евроквалификациите, а ниту на Талант Душебаев за дуелите со ПСЖ од четвртфиналето на Лигата на шампионите.