Шок во Хамбург: Сериозна повреда која значи крај на кариерата на Ханс Линберг?

Репрезентативното крило на данската репрезентација, Ханс Линберг доживеа незгодна повреда која може да го чини крај на ракометната кариера. На дуелот против Фуксе Берлин во германското првенство, најдобриот поединец на екипата на Хамбург, Ханс Линберг при еден дуел со противнички ракометар заработи незгодна повреда на бубрезите. Ветеранот веднаш беше пренесен во болница каде беше задржан во оделот за интензивна нега.
Десното крило на Хамбург во текот на вечерта бил буден и контактибилен по што ја напуштил интензивната нега и е преместен во оделот за урологија. Сега следуваат понатамошни испитувања за да се донесе конечната одлука околу нужноста на оперативниот зафат. Според докторот на екипата, Линберг ќе остане во болница најмалку седум дена.
Сите бевме во состојба на шок вчера. Кога ја видовме состојбата во која беше Ханс сите се исплашивме. Но сега сите сме среќни бидејќи го напушти одделот за интензивна нега и се надеваме дека набргу ќе се опорави.-изјави менаџерот на Хамбург, Кристијан Фитцек.

Најоптимистичните прогнози, доколку Данецот целосно се опорави велат дека Линберг ќе отсуствува од терените најмалку осум недели.