Шишкарев: Треба да се напише вакво сценарио за убав крај на една тешка сезона

Интернационалецот од Русија кој игра на десно крило, Данил Шишкарев имаше неколку убави потези на средбата против Веспрем.

„Ова беше цела сезона со криза во тимот, со проблеми, но можам да кажам само благодарам на моите колеги за сето она што го направивме. Вакво сценарио треба да се напише за еден убав крај на ваква тешка сезона. Браво за сите момци и за цела Македонија“, рече Шишкарев.

Тој вели дека очекува после овој резултат работите да се сменат и дека Вардар ќе остане речиси во ист состав.

„Се надевам оваа победа и овој пехар ќе биде голем чекор за иднината на Вардар и дека ќе останеме во сличен состав и барем 80 проценти ќе бидат тука . Се надевам дека сè ќе биде в  ред“, коментираше Шишкарев.