Шишкарев: Двапати го победивме Загреб во неколку дена, утре ќе биде многу потешко

После тешката победа обезбедена во полуфиналето на Ф4 турнирот во Брест, ракометарите на Вардар имаат малку време за одмор. Сите ракометари се свесни дека и утре им следува тешка средба, но и подготвени уште еднаш да го одбранат пехарот.

Репрезентативецот на Русија, Данил Шишкарев после мечот го истакна задоволството од резултатот и им се заблагодари на сите актери на мечот за она што беше направено денеска.

‚‚Сакам да им се  заблагодарам на соиграчите за одличниот натпревар и на публиката за коректното навивање. Се боревме до самиот финиш на мечот. Имавме малку време за подготовка после саботниот натпревар, а играчите на Мешков Брест играа во недела, па имаа уште еден ден помалку. Сакам да се заблагодарам и на играчите на Мешков Брест за добрата игра и да им честитам за покажаниот карактер што успеаја да се вратат по негативата. Игравме најдобро што можеме и се надевам дека натпреварот беше интересен за сите‘‘, кажа Шишкарев.

На прашањето за очекувањето од утрешната средба со Загреб, вели дека нема што да се сокрие од ривалот.

„Ова ќе биде трет натпревар со Загреб во краток период. Екипите се знаат многу добро меѓу себе и ќе биде тешко. Победивме двапати, но оваа е финале и е различен натпревар од претходните“, коментираше Шишкарев.

Финалето се игра утре од 19 часот.