Шишкарев: Ако треба, и пеш ќе одиме до Келн!

Се уште не стивнуваат реакциите по синоќешниот фантастичен натпревар што го одигра Вардар. Унгарскиот првак ПИК Сегед си замина со висок пораз од Скопје со осум голови, па македонскиот првак е многу блиску до трет настап во Келн на завршниот турнир.

Десното крило Данил Шишкарев за рускиот „Брз Центар“ вели дека ако треба и пешки ќе одат до германскиот град.

„За мене нема сомнеж, ние дефинитивно ќе играме на Ф4, треба само да си купиме билети и да си го платиме хотелот. Сепак, порачувам – ако треба и пеш ќе одиме до Келн, бидејќи вакво нешто се случува еднаш во животот“ вели популарниот Шиш.

Останува за вардарци уште да го одработат реваншот во Сегедин, кој се игра на 5 мај од 19:00 часот.