Шиофок го изненади ФТЦ

Во неделата се комплетираше третото коло од унгарското домашно првенство во женска конкуренција. На гостински терен во Будимпешта, составот на Шиофок успеа да се избори за реми против вицешампионот ФТЦ. Натпреварот заврши без победник 28 : 28  ( 17 – 12). Иако ракометарките на  Будимпешта имаа плус пет на полувреме, во вториот дел дојде до целосно опуштање на домашните ракометарки. Голот за израмнување го постигна Орбан Анамариа во последните секунди од натпреварот. Кај ФТЦ најефикасна беше Пена Нереа со седум голови, кај Шиофок со девет голови се истакна Орбан Анамариа.

Актуелниот шампион, Ѓер немаше проблеми против Сегед и забележа висока победа  од 16 : 38 ( 8 – 20) за избраничките на Амброс Мартин. Хејде Локе беше најефикасна во Ѓер со седум голови, во поразениот табор Шабо Едина беше најефикасна со четири голови, додека поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Марија Лојпур постигна еден гол.

marija lojpur- gyori
Марија Лојпур во дресот на Сегед Фото – szegedma.hu

 

Трето коло – резултати

Дунајварош – Дебрецен 30 : 28 ( 15 – 8)

Бекешчаба – МТК Будимпешта 29 : 23 ( 12 – 11)

Ерд – Мошонмаѓаровар 26 : 23 ( 13 – 13)

Вац – Фехервар 19 : 24 ( 13 – 13)

ФТЦ – Шиофок 28 : 28 ( 17 – 12)

Сегед – Ѓер Ауди ЕТО 16 : 38 ( 8 – 20)