Шестмина кои ја победија Барса пред две години играат и денеска

Екипата на Вардар е изменета во однос на составот со кој славеше на Ф4 турнирот пред две години во Келн, а во своите редови има шест ракометари кои играа на таа средба за која уште се раскажува.

Два пивоти, две десни крила, едно лево крило и бек се позициите на играчите кои играат и тогаш кога Вардар тргна со испишување на историјата. Во дресот на Вардар и тогаш играа капитенот Стојанче Стоилов, потоа Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Данил Шишкарев и Рожерио Мораеш.

Тука треба да се додаде и Владо Недановски, кој беше во тимот, но не и во составот на полуфиналниот дуел.

Што се однесува до екипата на Барселона таму има седуммина од тој меч, а се работи за Де Варгас, Томас, Ентрериос, Сораиндо, Арињо, Н’Гесан и Шипжак.