Шего го замени Милосављев во топ 5 одбрани во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев имаше уште еден добар натпревар во Лигата на шампионите, но со оглед на одличната игра на одбраната немаше простор за некоја спектакуларна интервенција како онаа претходниот викенд кога со трите одбрани во неколку секунди беше на врвот на листата на Топ 5 одбрани.

Сега на листата се најдоа пет голмани од други екипи меѓу кои се и двајца кои загубија со своите тимови.

Овој пат лидерското место му припадна на Марин Шего од Пик Сегед кој успеа да одбрани за победа бидејќи запре клучен удар при резултат 29:28 за неговиот тим и придонесе за триумфот над Нант.

Најдобрите пет одбрани можете да ги видите на следниот ЛИНК, а се работи за следните голмани.

ТОП 5 ОДБРАНИ ВО ЛШ (2. КОЛО)

5. Торбјорн Бергеруд (Флензбург)

4. Микаел Апелгрен (Рајн Некар)

3. Урх Кастелиц (ППД Загреб)

2. Иван Пешиќ (Мешков Брест)

1. Марин Шего (Пик Сегед).