Швеѓанките со подобар финиш издвојуваа нерешен резултат против Холанија

Во дерби натпреварот од групата Б, ракометарките на Шведска благодарение на поголемата концентрација во финалните минути успеаа да ја намалат негативата од првиот дел и да извлечат нерешен резултат против репрезентацијата на Холандија.

Шведска-Холандија 28-28 (12-15)

Ракометарките на Шведска го отворија натпреварот со погодокот на Хагман но брзо следуваше одговор од спротивната страна со што ракометарките на Холандија ветија доста изедначена игра во текот на првото полувреме. Гулден и Санд го предводеа нападот на Шведска во првиот дел, додека Малестеин и Гроот успешно одговараа на другата страна. Поголемата концентрација во нападот како и добрата одбрана во завршните минути на првиот дел и овозможија на Холандија мини серија од неколку погодоци па така Холанѓанките заминаа на пауза со 3 погодоци позитива (15-12).

Gulden

Гроот доминираше на стартот на вториот дел со два гола од бековската позиција благодарение на кои Холандија се стекна со солидна предност од 5 погодоци (18-13) по само 3 минути игра во вториот дел. Неколкуте технички грешки и овозможија на Шведска со брзи контра напади да ја намали разликата на два погодоци 23-21 на 15 минути до крајот на натпреварот.
Црвениот картон на Брош во 56тата минута и овозможи на Шведска да го израмни резултатот и дури ја доведе репрезентацијата на Шведска во можност за победата, но сепак одбранетиот удар на Санд од крилната позиција значеше и конечни 28-28 на семафорот во Нествед.