Швеѓанките преку Јужна Кореја до првата победа на ОИ

Вториот натпреварувачки ден на Олимписките Игри го отворија репрезентациите на Шведска и Јужна Кореја.

Репрезентацијата на Кореја преку Ким Он А го отвори натпреварот, а по асистенцијата на Торстенсон, Блом брзо изедначи. Хагман и Јакобсен ја одлепија Шведска на два позитива, но ракометарките на Кореја до десетата минута успеаа да ја анулираат предноста и да поведат со 8-6. Прекрасната асистенција на Гулден и донесе нов погодок на Блом, но Риу возврати на спротивната страна со два последователни погодоци за солидни 10-7 во полза на Јужна Кореја. Во исто темпо продолжи репрезентацијата на Кореја и со брзо движење на топката им предизвика проблеми во одбраната на Швеѓанките, а тоа резултираше со четири позитива 12-8.  Хагман, Алм и Вален ја стопија разликата на еден погодок 12-11, а повторно Хагман беше успешна на стартот на 25тата минута за изедначување на резултат 13-13. Бомбата која ја упати Торстенсон од 9 метри ја доведе Шведска во водство која успеа првиот дел да го заврши во своја полза со резултат 16-15.

Корејките преку Ким Он А изедначија по една минута игра и набрзо поведоа но Блом го изедначи резултатот 17-17. По десет минути игра во вториот дел Швеѓанките имаа позитива од три погодоци 20-17, а со со двата последователни погодока на Гулден и еден на Робертс Шведска создаде висока предност од шест погодоци 20-26 на средина на вториот дел. Двата погодока на Во и еден на Сим ја намалија предноста на Швеѓанките која изнесуваше плус 4 на десет минути пред крајот на натпреварот. Ракометарките на Јужна Кореја немаа сили за изненадување па така Шведска ја запиша првата победа со резултат 31-28.

Најдобар стрелец кај Швеѓанките беше Хагман со 7 погодоци, додека најрасполежена кај Корејките беше Во со ист број на погодоци.

Foto: Bildbyrån