Македонија пред седум години на ЕП во Србија го освои 5.место, што воедно претставува најдобар пласман во историјата за “црвено-жолтите”.
Натпреварот против тогашниот ривал за петтото место- Словенија, беше доживеан доста емотивно, а по неговото завршување славјето можеше да почне. И додека македонските ракометари на плоштадот беа пречекани како вистински шампиони, на шведските ракометари воопшто не им е до настап на натпреварот за 5. место.
Швеѓаните не успееа да изборат пласман во полуфиналето на СП во Данска и Германија, па во сабота од 20 часот и 30 минути против Хрватска треба да го одиграат натпреварот за 5. позиција. Според “викинзите” тоа е натпревар само за престиж, и доколку се прашуваат тие никогаш не би ни играле таков меч.
“Тешко е, имавме само два слободни дена и играме за 5.место. Тој натпревар е потполно бескорисен. Пред нас е напорен втор дел од клупската сезона, па би сакале да го прескокнеме тој натпревар. Попрвин би се вратиле дома. Но. долност ни е да го одработиме тој натпревар.-изјави шведскиот репрезентативец Матијас Закрисон.