Шведска фуриозна против Германија

Репрезентацијата на Шведска успеа да ја совлада Германија со 39-32, и ќе се надева на кикс на Холандија во дуелот со отпишаната Хрватска во натпреварот кој е на програмата во 20:15. Шведска во овој момент е прва на табелата во групата Ц со 5 бодови и натпревар повеќе од Холандија. Доколку Холандија вечерва ја совлада Хрватска ќе се израмни на првото место на табелата со Шведска, а бидејки одиграа нерешено во нивниот меѓусебен дуел во групната фаза, за првото место ќе решава гол разликата. Во случај на пораз или нерешен резултат на Холанѓанките во дуелот со Хрватска, Шведска ќе биде прва на табелата.

ГРУПА Ц (Хрватска, Вараждин)

Шведска-Германија 39-32 (23-17)

Офанзивно прво полувреме во кое одбраните беа во втор план одиграа репрезентациите на Шведска и Германија. Германките преку Наиџинавичиус го имаа првото и последно водство од 0-1. Работите во свои раце ги превзема шведското дуо Натали Хагман и Изабел Гулден кои до 13 минута од натпреварот постигнаа 10(двете по 5) од вкупно 11 голови за својата репрезентација, и тоа со стопроцентна ефикасност. Благодарение на овие две ракометарки Шведска постојано ја зголемуваше својата предност која во 13 минута со петтиот погодок на Гулден ги достигна највисоките +7, 11-4. Скандинавките рутинирано ја одржуваа својата предност во првиот дел која најчесто се движеше помеѓу 4 и 6 голови разлика. Германките преку Сања Хубер успеаа да намалат само на -4, 18-14 во 25 минута. Хана Фогелстром со својот втор гол повторно го враќа највосокото водство за Шведска од 22-17 на две минути до крајот. Точка на првото полувреме стави Ана Лопер која го постигна 17 гол за Германија и ги постави конечните 23-17 на полувреме во корист на Шведска.

alt

Хагман го продолжи своето гол шоу и со 6-от погодок од 6 обиди го отвори вториот дел за 24-17. Шведска играше ефикасно во нападот и во продолжението, а на спротивната страна Надја Надгорнаја беше расположена за игра постигнувајќи 4 голови по ред во почетните 10 минути од второто полувреме.Швеѓанките ја имаа целосната контрола на натреварот и во ниеден момент не и дозволија на Германија да помисли на евентуално враќање во овој натпревар. Во 40 минута со голот на Лин Блум Шведска стигна до највисоките 29-21, разлика која умешно ја чуваше во преостанатите дваесетина минути. Конечниот резултат го постави Нагорнаја со својот 9 гол, за конечни 39-32.

Најпрецизни во репрезентацијата на Шведска беа Гулден со 10 и Хагман и Алм со по 6 погодоци. Надгорнаја со 9 и Хубер со 8 гола беа најпрецизни ракометарки во Германскиот состав.

Најдобри ракометарки во двете репрезентации:

ШВЕДСКА: Изабел Гулден

ГЕРМАНИЈА: Хубер