Шведска со Толбринг наместо повредениот Калман против Шпанија

Шведската селекција направи измена во пресрет на последниот натпревар од групата Ц, каде ќе играат со репрезентацијата на Шпанија. Еден од најдобрите поединци на претходните два меча Јонас Калман ќе паузира на последниот натпревар, а на негово место ќе настапи Џери Толбринг.

Искусното крило на Шведска настапи со повреда на рамото, а сериозноста на повредата не му дозволи да ги брани боите на својата репрезентација во клучниот натпревар од групата Ц. Тој е еден од клучните ракометари на одбраната, затоа на натпреварот против Шпанија, товарот ќе падне на Петерсен кој треба да ги превземе обврските на својот соиграч.

Швеѓаните ја совлада Словенија во првото коло, но загуби од Германија во второто. На вечерниот дуел им е потребен бод за сигурен пласман во следната фаза од натпреварувањето.