Шведска си ја поправи гол разликата против Македонија

По убедливите порази од Хрватска, Норвешка и Русија во групната фаза, женската младинска репрезентација на Македонија, загуби и во првиот натпревар од новоформираната група, каде се разигрува за пласман од 9 до 16 место.

Подобри од избраничките на Борче Марковски беа ракометарките на Шведска со убедливи 25 голови разлика, 40:15. Само 5 голови во првиот дел не ветуваа добар крај на овој дуел, па разликата од паузата, 11 голови, на крајот се искачи на 25. Следен натпревар за младинките е утре против Романија со почеток во 13 часот.