Шведска после ЕП со нов селектор, но и со нов менаџер

Главниот дефанзивец на тимот на Флензбург, Тобијас Карлсон в недела ќе го одигра последниот меч во кариерата и има шанси да се прости со титула во Бундес лигата. Сепак, тој нема долго да биде надвор од ракометот бидејќи веќе ја најде следната задача во кариерата.

Веќе од 2020 година тој влегува во тимот на новиот селектор на Шведска, Норвежанецот Глен Солберг, а ќе ја извршува задачата менаџер. Тој ќе има само неколку месеци за одмор, а потоа ќе почне со новата задача. Практично Карлсон ќе ја има истата функција која што ја има Игор Вори во репрезентацијата на Хрватска.

За него постоеја информации дека би можел да се пресели во тимот на Келце, а тоа го најавија медиумите во Шведска. Сепак, Тобијас вели дека нема намера да продолжува со играњето и дека кариерата ќе ја продолжи како менаџер на репрезентацијата на Шведска после Европското првенство во јануари каде Шведска е еден од тројцата домаќини.