Шведска на најдобар начин и се реваншираше на Црна Гора: Бронзата патува во Шведска

Во натпреварот за третото место на ЕП, Шведска на најдобар можен начин и се реваншираше на Црна Гора за поразот во главната фаза совладувајќи ја со 25-23 и освојувајќи го бронзениот медал на ЕП во Унгарија и Хрватска.

НАТПРЕВАР ЗА 3 МЕСТО (Унгарија, Будимпешта)

ШВЕДСКА- ЦРНА ГОРА 25-23 (11-12)

За разлика од претходните неколку натпревари Црна Гора добро започна во офанзивата и не дозволи противникот да се одлепи во раната фаза. Јовановиќ погоди за почетно водство на црногорките а на спротивната страна врати Ида Оден. По израмнетите десетина минути кога на семафорот стоеше 5-5, Шведска остана без една од своите најдобри ракометарки откако Торстенсон грубо стартуваше над Мајда Мехмедовиќ по што доби директен црвен картон. Тоа беше момент кој Црна Гора го искористи на најдобар можен начин. Кнежевиќ, Радичевиќ и Мехмедовиќ креираа серија од 3-0 по која сеуште актуелниот европски првак поведе со 3 голови разлика, 5-8 во 16 минута. Шведска цели 6 минути беше без постигнат погодок а постот го прекина Гулден со успешната реализција на удар од 7 метри намалувајки на 6-8. Црна Гора го одржуваше водството од три позитива до 20 минута, но Швеѓанките покажаа дека многу лесно знаат да се вратат во игра кога со серија од 3-0 успеаа да израмнат на 10-10 во 23 минута. Марија Јовановиќ ја врати Црна Гора во водство од 10-11, предност која црногорките ја одржаа до крајот на полувремето. Јованка Радичевиќ со својот 3 погодок ги постави конечните 11-12 на полувреме.

Sve 1

Шведска имаше подобар почеток на второто полувреме, и со серијата од 5-1 која ја предводеше Гулден успеа да го сврти натпреварот и да поведе со 16-13 во воведните 5 минути од вториот дел. Предноста од +3, Шведска ја одржуваше преку Џени Алм која погоди за 18-15. Следуваше период во кој Катарина Булатовиќ покажа зошто е најдобар десен бек на планетата, и постигнувајќи три гола во серија ја врати Црна Гора на вистинската патека израмнувајки на 18:18. Бронзениот медал подеднакво го посакуваа и двете репрезентации и во последните петнаесет минути се влезе со резултат 20-20. Изабел Гулден и Ида Оден потпомогнати од одличната Бундсен на голот беше триото кое во последните десет минути ја водеше Шведска до нови +2, 24-22 во 56 минута. Булатовиќ намали на 24-23, за Јохансон да ја доведе Шведска на нови два позитива 25-23 на минута до крајот. Клучниот момент се случи кога Бундсен и одврани пенал на Булатовиќ на триесет секунди до крајот. Конечниот резултат гласеше 25-23, со што Шведска на најдобар можен начин и се реваншираше на Црна Гора за поразот во главната фаза, и стигна до толку посакуваниот бронзен медал.

Гулден со 7 и Ида Оден со 6 погодои беше дуото кое ја одведе Шведска до бронзениот медал. За Црна Гора најпрецизна беше Катарина Булатовиќ која постигна 8 гола. Јованка Радичевиќ 4 пати се запиша во листата на стрелци на овој натпревар.