Шведска и даде 45 гола на Словачка, Србија и покрај поразот оди на СП!

Со денешните последни четири бараж средби од европските квалификации, се комплетираат сите учесници на Мундијалот во Јапонија кон крајот на годината.

По убедливата победа на домашен терен, репрезентацијата на Шведска славеше повеќе од убедливо и на гостувањето кај Словачка со 24-45 и обезбеди место на Светското првенство.

Покрај Шведска, и репрезентацијата на Србија иако без неколку првотимки ќе игра на СП. Србинките загубија со 30-27 на реваншот во Полска, но по убедливата победа дома ќе игра во Јапонија.

Последниот патник на Мундијалот ќе биде Шпанија, која на Исланд ќе брани предност од девет голови.