Швајцарците се откажаа од Карачиќ

Швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен, се откажа од услугите на Иван Карачиќ, постариот брат на Игор, кој настапува за Вардар. Босанскиот плејмејкер во Кадетен пристигна од Баја Маре, но веројатно ниту тој, ниту клубот не беа задоволни од меѓусебната соработка.

Кадетен загуби меч во домашниот шампионат, како и во Лигата на шампионите од Бјерингбро, па веројатни и овие лоши резултати придонесоа да се забрза одлуката. На местото на Карачиќ, Кадетен веднаш го ангажираше швајцарскиот интернационалец Албин Алили.

Постариот Карачиќ потекнува од Зрињски Мостар, а има настапувано за Извиѓач, Босна, Брест Мешков и Баја Маре.